Сириската државна телевизија најави операција за „ослободување“ на Алепо

Од:

Сириската државна телевизија денеска објави дека властите подготвуваат операција за „ослободување“ на најголемиот град во ж северниот дел на земјата, Алепо.

Телевизијата емитувала снимки од тенкови, за кои тврди дека се насочени кон економската престолнина на Сирија.

Речиси една година Алепо е поделен на реони, контролирани од режимот и бунтовниците. Шпекулациите дека силите на претседателот Башар ал Асад ќе се обидат да ја вратат целосната контрола врз Алепо се зголемија откако минатата недела тие го презедоа клучниот западен град Кусеир, во близина на границата со Либан.

Во меѓувреме, опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права соопшти дека бунтовниците успеале да ја преземат радарската кула на стратешкиот воен аеродром Миниг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети