Сириската армија започна офанзива кај Алепо

Од:

Силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад денеска започнаа офанзива кај селото Кан ел-Асал, недалеку од Алепо, со цел да ја повратат контролата врз ова подрачје, кое минатата недела го зазедоа бунтовниците.

Сирискиот опозициски Центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека владините сили започнале со нападите врз бунтовничките позиции околу Кан ел-Асал, во обид да ја повратат контролата во селото.

Кан ел-Асал стана познато откако во март годинава сириската армија и бунтовниците се обвинија меѓусебно за употреба на хемиско оружје, при што загинале 30 луѓе.

Сириската Влада и претставници на ОН минатата недела постигнаа договор за условите за евентуална истрага за инцидентот во Кан ел-Асал.

Од почетокот на бунтот против режимот на Асад во март 2011 година, која потоа прерасна во граѓанска војна, животите ги загубија повеќе од 100.000 лица.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија