Сириската армија започна копнена офанзива во централните делови на земјата во текот на интензивните гранатирања и руските воздушни напади, изјави анонимен сириски претставник.
Според сирискиот воен претставник операциите се вршат во соседните провинции Хама и Идлиб.
Сириски активисти јавуваат дека сириската војска, поддржана од руските воздушни напади, денеска води борби против бунтовниците во централниот дел на Сирија, што се први поголеми копнени борби откако Москва почна со бомбардирање на цели на екстремисти во земјата.
Воздушните напади на руските сили ја охрабија и сириската армија да започне компнена офанзива по низата порази во северозападниот дел на Сирија во изминатите неколку месеци.
Џихадистичката група ИД не е присутна во подрачјата каде моментално се водат борби.