Сириските владини трупи извршија ракетен напад врз позициите на терористичката група Џабхат ал Нусра во провинцијата Идлиб, објави денеска провладиниот портал „Ал-Масдар“.
Командата на сириската армија издаде наредба за отворање оган врз терористите, откако беспилотните летала на оваа екстремистичка група се обиделе да ја нападнат руската воздушна база Хмеимим, јавуваат агенциите.
Беспилотните летала биле забележани над крајбрежниот град Џаблех и биле елиминирани со противвоздушна одбрана.
Сириската армија потоа го уништила командното место и позициите на екстремистите во близина на градот Ал-Бар, соопшти генералштабот.