Сириската армија денеска изврши ракетен напад врз регионот Источен Гута, во близина на главниот град Дамаск, каде се претпостаува дека се извршени хемиски напади, јавија активисти.
– Војници на режимот на Асад бомбардираа со ракети земја-земја зони во Источен Гута, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права, според кој биле извршени и воздушни напади во градовите Дума и Месраба.
Според активисти на Генералната комисија на сириската револуција, три лица загинале при напад на армијата врз градот Муадамија ал Шам.