Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Од:

Сириската противвоздушна одбрана денеска собори израелски проектили истрелани од окупираната Голанска Висорамнина на северот на Израел кон предградијата на Дамаск, чија цел била зграда, соопшти сириското Министерство за одбрана.

Воен извор за агенцијата Сана изјавил дека сириските сили за воздушна одбрана собориле дел од израелските ракети и дека е причинета мала материјална штета, пренесе Ал Џезира.

Израел со години изведува напади врз ирански цели во Сирија, но ги засили таквите напади од почетокот на војната во Газа.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее