Сирија протестира пред ОН дека високи функционери влегуваат нелегално во земјата

Од:

Сирија вложи жалба до Обединетите нации откако американскиот републикански сенатор Џон Мекејн, поранешниот француски министер за надворешни работи Бернар Кушнер и други странски функционери, влегле во земјата без визи.

Амбасадорот на Сирија во ОН Башар Џафари, во писмото упатено до Советот за безбедност, наведе дека земјите мора да преземат „неодложни мерки“ против оние кои илегално влегуваат во земјата.

Мекејн ненајавено ја посети Сирија во мај 2013 година, кога влчезе од Турција и тогаш имаше средба со бунтовниците.

Џафари наведе дека американскиот сенатор имал средба со лидерите на Ал Нусра Фронт, кој СБ на ОН го прогласи за терористичка организација.

Кушнер ги посети курдските области на северот на Сирија во ноември, минатата година.

– Таквите акции претставуваат кршење на сирискиот суверенитет и резолуцијата на Советот за безбедност, која се однесува на Сирија, напиша Џафари во писмото, објавено денесска, но со датум од 24 декември.

Сирија го повика генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и Советот за безбедност да извршат притисок на тие влади и да преземат неодложни мерки против граѓаните кои илегално влегле на сириска територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети