Сирија и Иран со закани до Израел за соодветен удар

Од:

Сирија и Иран упатија денеска закани за соодветен удар врз Израел по бомбардирањето на истражувачки центар крај Дамаск, јавија западни медиуми.

Израелските власти и армијата одбија да ја потврдат или демантираат секоја вмешаност во наводниот напд врз воена цел во близина на Дамаск, како и одделните извештаи за бомбардирање на конвој со оружје долж сириско-либанската граница.

Израел единствено нагласи дека секој трансфер на усовршено оружје од либанскиот Хезболах значи дека е премината црвената линија.

Сириската армија соопшти дека цел на вчерашниот израелски напад бил научниот центар за истражување во близина на Дамаск. Локалните жители тврдат дека Израел користел неконвенционално оружје.

Израел повеќе пати предупредуваше дека доколку сириското хемиско оружје падне во рацете на Хезболах тоа ќе биде повод за војна. Ерусалим исто така предупреди и дека ракетите со долг дострел од типот „Скад“ и другото современо оружје како што се противавионските системи и ракетите земја-земја, можат да бидат предадени на либанската милиција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски