Сирија: Фрлани хемиски бомби

Од:

Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во напад со хемиско оружје, убиле стотина лица, пренесе BBC, повикувајќи се на сириската опозиција.

Како што се наведува, нападот се случил источно од престолнината Дамаск, во областа Гоута, кога вчера наутро биле исфрлени ракети со отровни боеви.

Тие наведуваат дека најмалку 30 тела биле пренесени во болница, во местото Кафр Батна, а „Ројтерс“ извести дека настрадале околу 200 лица, меѓу кои и жени и деца.

Шефот на тимот инспектори за хемиско оружје на ОН во Срија, Еке Селстрем изјави дека треба да се проверат наводите на сириските активисти, дека војската на претседателот Асад употребила нервен гас.

Од друга страна сириската државна телевизија негираше дека има каков било напад.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија