Бунтовниците кои што се борат против режимот на Башар ал Асад ги повикаа групите поврзани со Ал Каеда да излезат од градот Азиз и провоницијата Хомс. Повикот е упатен среде новиот судир со екстремистите на ИДИЛ и бунтовниците на „Северна бура“.
Шестте најсилни бунтовнички групи во Сирија во заедничко соопштение ги повика борците на т.н Исламска држава Ирак и Левант, поврзани со Ал Каеда да се повлечат од градот Азиз на северот и од провинцијата Хомс, пренесе Франс прес.
Тоа е до сега најголемо предупредување на ИДИЛ, чии борци се обидуваат да ја заземат областа која ја контролира сириската опозициска сила.
ИДИЛ е дел од Азиз, кој се наоѓа на границата со Турција и е освоен на 18-ти септемвери, по повеќе часовна борба против групата „Северна бура“.
Поради борбите, турските власти го затворија граничниот премин Баб ел Саламех, биталниот коридор на бунтовниците и цивилите во деловите кои што се под контрола на опозицијата.
Барањето го потпишаа групи кои што се борат против силите на претседателот на Сирија, Ахрар ел Шам, Лива ел Тавхид, Џајш ел Исалм, Сукур ел Шам, бригадата Фуркан и Лива ел Хак.
Елена Георгиевска