СИПРИ: Во светот има 16.300 боеви глави

Од:

Бројот на нуклеарните боеви глави во светот е намален на 16.300 оваа година, претежно поради намалувањата во САД и Русија, соопшти Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Бројот на нуклеарните боеви глави се намалил за 970 за една година нагласува СИПРИ и додава дека станува збор за активни, складирани или боеви глави, кои треба да бидат уништени.

Двете најголеми нуклеарни сили, САД и Русија поседуваат вкупно околу 90 проценти од светскиот нуклеарен арсенал. САД има 7.300 боеви глави, а Русија осум илјади.

Се смета дека девет земји во светот поседуваат нуклеарно оружје, САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.

САД, Русија, Велика Британија и Франција имаат вкупно околу четири илјади боеви глави, кои во активна состојба.

Институтот нагласува дека нуклеарните држави продолжиле да ги усовршуваат своите нуклеарни сили и системите за доставување на нуклеарното оружје до целта.

Според извештајот на СИПРИ, САД издвоиле 350 милијарди долари за поддршка и усовршување на нуклеарните сили во следните десет години, вклучувајќи и инвестиции за нови подморници, балистички ракети и бомбардери со голем дострел.

Индија и Пакистан продолжуваат да разработуваат балистички и крилести ракети и да произведуваат нуклеарни материјали за воени цели. Се смета дека Индија располага со меѓу 90 и 110 боеви глави, а Пакистан меѓу 100 и 120. Израелскиот арсенал остана на ниво од 80 боеви глави. Кина располага со 250 боеви глави, а Северна Кореја има меѓу шест и осум нуклеарни оружја, оценуваат експертите од СИПРИ.

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности