Синот на првиот корејски диктатор амбасадор во Чешка

Од:

Нов амбасадор на Северна Кореја во Чешка ќе биде Ким Пјонг Ил, син на основачот на севернокорејската тоталитарна комунистичка држава Ким Ил Сунг и чичко на актуелниот лидер на Северна Кореја Ким Јонг-Ун, објавија чешките медиуми.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, Ким Пјонг Ил, претходно 17 години бил амбасадор во Полска и на новата функција ќе стапи по предавањето на акредитивните писма на чешкиот претседател Милош Земан.

Пјонг Ил, дипломатската кариера ја почнал во 1979 година во поранешна Југославија, од 1988 година бил амбасадор во Унгарија, од каде во знак на протест заради воспоставување на дипломатски односи на Унгарија со Јужна Кореја се преселил во Бугарија, а потоа и во Финска, од каде заминал на дипломатската функција во Полска.

Тој е помлад полубрат на починатиот Ким Јонг Ил, таткото на актуелниот севернокорејски лидер Ким Јонг-Ун.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници