Синот на поранешниот филипински диктатор стана нов претседател

Од:

Синот на соборениот диктатор, Фердинанд Маркос Помладиот денеска положи заклетва за претседател на Филипините.

Конгресот минатиот месец ја прогласи неговата убедлива победа. Нова потпретседателка ќе биде ќерката на претседателот кој си заминува, Сара Дутерте.

Активисти и лица кои живееле во времето на диктатурата на Фердинанд Маркос протестираа поради инаугурацијата, што денеска се одржа на скалите од Националниот музеј во Манила.

Ова е ноќен кошмар за сите кои ја преживеале тортурата за време на диктатурата, наведуваат активисти.

Илјадници полицајци се распоредени околу местото каде се одржа свеченоста.

Поради пандемијата од коронавирусот, Филипините минуваат низ најтешката рецесија од Втората светска војна, следена со невработеноста и недостигот од храна. Пандемијата доста ги погоди Филипините, починаа околу 60.000 лица.

Се очекува кризата да биде дополнително задлабочена поради војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод