Сименсон: Излезот на САД од Светската здравствена организација е незамислив

Од:

Излезот на САД од Светската здравствена организација е незамислив, изјави помошникот генерален директор за општ менаџмент при СЗО, Стјуарт Сименсон.

Тој истакна дека САД и СЗО се „поврзани од самиот почеток“.

– САД, барем од 1902 година, се лидер на глобалното јавно здравје и не можам да замислам ситуација во која САД нема да бидат дел од СЗО и да придонесат за СЗО, како што тоа го прават сега, нагласи Сименсон за Си Ен Ен.

Тој потенцираше дека САД и другите членки го основале СЗО.

– СЗО имаше корист од големата несебичност на американскиот народ и речиси непроценливата техничка поддршка, додаде Сименсон.

Изјавата на Сименсон доаѓа речиси една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до СЗО, во кое се заканува дека засекогаш ќе го прекине финансирањето на таа организација и ќе ги повлече САД од неа, доколку не се обврзе дека „суштински ќе се подобри во следните 30 дена“, потсетува „Политико“.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Рубио: Кина би можела да го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски