Симболично гласање дали Британија ќе ја признае Палестина

Од:

Симболично гласање за тоа дали британската Влада треба да ја признае Палестина како држава ќе се одржи денеска во парламентот.

Чекорот, кој малку веројатно ќе ја промени официјалната политика на државата, има за цел да насочи внимание кон тоа прашање. Велика Британија не ја класифицира Палестина како држава, но наведува дека може да го направи тоа кога сака ако смета дека тоа ќе биде од корист за мировниот процес меѓу Палестинците и Израел.

Текстот што ќе се разгледува во Долниот дом на парламентот поставува пред пратениците прашање дали според нив Владата треба да ја признае државата Палестина.

Предложен беше од пратеник на опозициската Лабуристичка партија. Доколку биде усвоен текстот тоа нема обрвзувачки карактер и нема да ја натера британската Влада да ја промени дипломатската позиција.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство