Силвио Берлускони најави поддршка на Владата на Лета

Од:

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика целосен пресврт во пресрет на денешното гласање за доверба на Владата на актуелниот премиер Енрико Лета, соопштувајќи дека неговата партија Народ на слободата (ПДЛ) сепак ќе го поддржи Кабинетот.

Ваквата неочекувана разврска дојде по обраќањето на Лета пред членовите на двата дома во Парламентот, во кое тој предупреди на големиот ризик за Италија и на, како што реше, фаталните последици по домашната економија од соборувањето на сегашната италијанска Влада.

Пред излагањето на Лета, Берлускони, чија партија сега е коалициски партнер во Владата, веќе даде поумерена изјава, велејќи дека одлуката за тоа како ќе гласаат неговите сенатори и пратеници се уште не е донесена и дека тоа ќе зависи од говорот на Лета.

– Прво да видиме што ќе рече Лета, па потоа ќе одлучиме како ќе гласаме, рече Берлускони. Владината криза избувна во саботата, кога петмина министри од редовите на ПДЛ поднесоа оставки на своите функции, несогласувајќи се со решението на Владата да зголемување на ДДВ од 20 на 22 отсто.

Многумина аналитичари сепак оценуваа дека вистинска причина за повлекувањето на министирте на ПДЛ беше незадоволството на Берлускони поради можноста на специјалната комисија на Сентот, што го испитува неговиот случај да донесе одлука да му забрани да се занимава со политика и да му го одземе пратеничкиот мандат.

Берлускони во еден неделник објави писмо во кое остро ги нападна премиерот Лета и претседателот Џорџо Наполитане дека поттикнуваат за донесување на една ваква одлука.

Пресвртот во однесувањето на поранешниот премиер настана откако неколкумина сенатори од неговата ПДЛ најавија дека сепак ќе гласаат за поддршка на Владата. Претходно еден од министрите кои поднесоа оставка јавно му се спротивстави на Берлускони, барајќи да не се урива Владата.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски