Силувач на жена во Боливија жив закопан со жртвата

Од:

Силувачот на една жена во Боливија е жив закопан, заедно со неговата жртва, од страна на толпа гневни селани, кои решиле самите да му пресудат на злосторникот.

Полицијата го идентификувала 17-годишниот Сантос Рамос, како силувач и убиец на една 35-годишна жена од градот Колкуечека, во југостичните делови од оваа јужноамериканска земја.

Инцидентот се случил за време на погребот на несреќната жена, кога некој од луѓето го забележиле и осомничениот за силувањето и за убиството.

Гневна толпа од околу 200 жители од градот, го грабнале Рамос и го фрлиле во отворениот гроб. Во него веќе бил мртовечкиот сандак со убиената жена, па луѓето почнале да фрлаат земја и го затрупале гробот, заедно со се уште живиот силувач.

Полицијата соопшти дека луѓето ги блокирале сите околни патишта, попречувајќи да дојдат силите на редот и да интервенираат. Случајот го открил еден радио репортер кој сега настојува да остане анонимен, стравувајќи дека луѓето од Колкуечека би можело и нему да му се одмаздат.

Линчувањето не е честа појава во Боливија, но полициските власти признаваат дека има вакви случаи, посебно во одалечените и сиромашни делови од земјата, каде полицијата ја има недоволно, а локалните власти се малубројни и недоволно ефикасни. Градот Колкуечека се наоѓа на 300 километри, југоисточно од главниот боливиски град Ла Паз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он