Силниот ветер одложи стотина летови од холандскиот аеродром Схипхол

Од:

Повеќе од 100 летови се откажани денеска на холандскиот аеродром Схипхол поради силниот ветер, соопшти Холандската радио-телевизија.

Поради безбедносни причини, КЛМ откажа околу 100 летови до и од европски земји. Управата за летање се надева дека патниците ќе бидат транспортирани од страна со подоцнежните летови. Откажани се, исто така, летови на авиокомпанијата „Изиџет“.

Претходно, Кралскиот метеоролошки институт во Холандија објави жолт код за опасно време поради силниот ветер со налети до 95 километри на час. Во крајбрежните провинции, предупредувањето ќе стапи во сила до вечер, а во остатнатиот дел од земјата се очекува во попладневните часови ветрот да се смири.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина