Силна експлозија во Холандија

Од:

Експлозија се случи во близина на музејот Дренц во холандскиот град Асен, што може да се поврзе со обид за грабеж, соопштија утрово властите.

Властите се уште не потврдиле дали нешто е украдено, пишува NL Times.

Експлозијата се случила околу 3.45 часот утринава и оштетила неколку згради на Бринк.

Полицијата, која сè уште не уапсила ниту еден осомничен, повикала сведоци да излезат.

Полицијата по експлозијата ја пребарала областа, собирајќи докази и барајќи индиции.

Не е јасно дали еден или повеќе сторители биле вклучени во инцидентот.

Музејот Дренц моментално организира голема археолошка изложба насловена „Dacia – Rijk van goud en zilver“ (Дакија – Кралство на златото и среброто).

Изложбата содржи повеќе од 50 златни и сребрени богатства од античкото кралството Дакија, кое се наоѓало во денешна Романија, а датира од 20 век п.н.е. до 3 век од нашата ера.

Полицијата не соопшти дали артефакти од изложбата биле цел на обидот за грабеж.

Би можело да ве интересира

Тројца разбојници ограбиле малолетници на автобуска станица на Бит Пазар

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

Измамници ограбиле родители на болно момче кое требало да се лекува во странство

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени