Силна експлозија го потресе Кабул

Од:

Силна експлозија го потресе денеска Кабул, по што облак од црн дим се издигнал над западниот дел од градот. Повредени се најмалку 17 цивили, меѓу кои три жени и деца.

Засега нема информации за загинати, а според очевидци цел на самоубиствениот напад бил конвој со странски војници.

Заменик началникот на полицијата Саед Гулага потврди дека експлозијата одекнала во близина на трговски реон во момент додека луѓето пазарале кон крајот на работниот ден, кој е пократок поради празникот Рамазан.

Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека инцидентот се случил на фреквентно место во трговскиот дел од градот, во близина на зградата на Врховниот суд и американската Амбасада и база, во која се стационирани странски војници.

Досега никој нема преземено одговорност за нападот.

Би можело да ве интересира

Нападната база во Кабул: Има мртви

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица