Силна бура во Полска однесе една жртва и остави илјадници домаќинства без електрична енергија

Од:

Tериторијата на Полска во изминатата ноќ беше зафатена од силна бура, што најтешко ги погоди западните делови на земја, јави ТАСС.

Моментално бурата се движи кон југоисток.

Службите за вонредни ситуации соопштија дека едно лице загинало откако дрво паднало врз неговиот автомобил, како и дека илјадници домаќинства се без електрична енергија. Десетици куќи останале без покрив, а од паднатите дрвја е блокирано движењето по главните патни и железнички линии.

Поради лошото време во Катовице не успеа да слета чартер авион од Турција, по што тој е пренасочен кон аеродромот во Братислава, во Словачка.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата