Специјални единици од меѓународната коалиција предводена од САД влегле во судир со талибанците во близина до северниот град Кундуз рано утрово.
Командосите биле на мисија во реонот на аеродромот во Кундуз опколен од бунтовниците, каде стотици авганистански војници зафатиле позиции, откако побегнаа од градот.
– Американските сили нанеле воздушен напад, за ја елиминираат заканата во Кундуз, изјави портпаролот, полковникот Брајан Трајбас.
Тој не ја откри националноста на борците од специјалните единици.
Западен воен извор, меѓутоа, соопшти дека САД, Велика Британија и Германија испратиле елитни единици во реонот на Кундуз.