Посилен земјотрес со јачина од 5,7 степени е регистриран на територијата на Нов Зеланд утрово во 7 часот и 58 минути. ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 67 километри и 48 километри оддалечен од градот Парапарауму, кој има околу 30.000 жители.
Сведоците на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел 20 до 30 секунди, дека се треселе ѕидови и кревети, а од полиците паѓале слики и предмети. Засега нема извештаи за значителни штети на згради или евентуални жртви.