Силен земјотрес во Колумбија

Од:

Во силниот земјотрес со магнитуда од 7.1 степни по Рихтер што во неделата доцна навечер ја погоди планинската област во југозападна Колумбија, а се почувствува и во поголемиот дел од соседен Еквадор, според првичните информации нема човечки жртви.

Земјотресот беше регистриран околу 11.30 часот по локално време, на длабочина од 167 километри, во близина на градот Ла Вега, околу 600 километри од колумбиската престолнина Богота.

„Засега немаме информации за поголема материјална штета”, изјави за медиумите директор на Агенцијата за спречување последици од природни катастрофи, Карлос Маркез. Додал дека материјална штета е забележана во местото Тимбикви во покраината Каука.

Потресот го почувствувале и жителите на десетина колумбиски покраини во југозападниот, западниот и централниот дел на земјата.

Медиумите пренесуваат дека земјотресот предизвикал паника меѓу населението на неколку поголеми градови.

Би можело да ве интересира

Два земјотреса кај Врање

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Земјотрес ја стресе Тирана

Земјотрес ја погоди Бања Лука

Горан Наумовски

Земјотрес во близина на Косовска Каменица

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија