Силен земјотрес регистриран во Британска Колумбија

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската провинција Британска Колумбија, соопшти американскиот Геолошки институт.

За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри, околу 190 километри југозападно од градот Порт Харди на островот Ванкувер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новиот канадски премиер одма го нападна Трамп: САД да покаже почит

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Силен земјотрес го погоди Мексико