Силен земјотрес од 7,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на источната обала на Филипини. На сила е предупредување од опасност од цунами.
Советувано им е на сите жители да одат на места на поголема надморска височина.
Ројтерс пренесува изјава на официјален филипински претставник дека има разурнати мостови и патишта и дека луѓето бегаат во паника.
Епицентарот бил на 800 километри од Манила.