Силен земјотрес ја потресе Јапонија

Од:

Јапонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер, а властите веднаш издадоа предупредување за цунами.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 10 километри од Ториши, на околу 580 километри јужно од Токио.

Земјотресот во Јапонија не е почувствуван на околните острови и во регионот на Токио, но метеоролошката агенција предупреди дека цунами до еден метар може да ги погоди крајбрежните области на островот. Предупредувањето подоцна било повлечено, пренесува јапонската агенција Kyodo.

Само помало цунами од околу 30 сантиметри е забележано на островот Хачиџо, на околу 290 километри јужно од Токио, објави Јапонската метеоролошка агенција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија