Силен земјотрес ја погоди турско-иранската граница

Од:

Земјотрес со јачина до 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди турско-иранската граница, уништувајќи куќи во главниот град на иранската провинција, објавија иранските медиуми и Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

„Според прелиминарните набљудувања на известувачот на Фарс, обемот на уништување на куќи и згради во градот Хој е релативно голем“, објави полуслужбената новинска агенција Фарс.

Земјотресот бил со јачина од 5,6 степени и бил на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC. Иранските медиуми јавуваат дека земјотресот бил со јачина од 5,9 степени и ја погодил иранската провинција Западен Азербејџан.

Иранските власти соопштија дека спасувачките екипи се испратени во областа и болниците се ставени во состојба на готовност, објавија државните медиуми.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат