Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 15 километри југоисточно од регионот Рио Дел во Калифорнија, објави Ројтерс.
Според информациите, земјотресот се случил на длабочина од 27,8 километри.
Засега нема извештаи за евентуална штета.