Силен земјотрес ја погоди Боливија

Од:

Земјотрес со магнитуда од 5,9 степени е регистриран во 17.23 часот во Боливија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина -20,3208 и географска должина -68,6297, во близина на градот Потоси.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 105 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно