Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер погоди денеска неколку области во северниот дел на Италија, а засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Потресот се почувствувал околу 12,30 часот по средноевропско време во Милано, Венеција, Торино, Болоња и Фиренца, а епицентарот се наоѓал во Тоскана. Луѓето во паника излегувале од домовите и работните места.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти Националниот центар за земјотреси и вулкани.