Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди југот од автономната ујгурска област Синџанг, на крајниот северозапад од Кина, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека земјотресот бил на длабочина од 24 километри, пренесува Ројтерс.