Сијарто: За време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ

Од:

За време на унгарското претседателство ќе има „најголемото проширување на Европската Унија досега“, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Тој додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“, објави МТИ.

„Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји вештачки да се врзуваат со други земји. Нема да дозволиме пристапниот процес на која било земја што е поблиску до влез да зависи од земја која заостанува (во реформите)“, рече Сијрото во Брисел.

Сијарто рече дека за време на претседавањето со ЕУ, Унгарија ќе и помогне на Србија да отвори нови поглавја за пристап и да затвори повеќе поглавја, како и Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија да започнат важни преговори.

„ЕУ треба да има нови членки кои можат да донесат свежина, нов моментум, како што се земјите од Западен Балкан, Грузија или Молдавија“, рече Сијарто.

Унгарија ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

Сијарто: Брисел наскоро би можел да се најде изолиран на светската политичка сцена