Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија, без оглед на, како што изјави, заканите од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сијарто на прес-конференција, коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, изјави дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, унгарската нација и Унгарците што живеат во Закарпатија“, пренесува МТИ.

„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.

Тој додаде дека Украинците „со години ги одземаат и ги газат правата на Закарпатските Унгарци“.

„Овие законски прописи резултираа со палење на црква и претепување на еден Унгарец до смрт затоа што не сакал да оди во војна и да учествува во бесмислен масакр. Во овој поглед, заканите на претседателот Зеленски само потврдуваат дека тој нè смета за непријатели“, додаде Сијарто.

Би можело да ве интересира

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во најновиот руски напад во југоисточна Украина

Маск: Американската војска ја одредува брзината на „Старлинкот“ за украинското оружје

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Горан Наумовски

Украина: 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија по масовните руски напади

Горан Наумовски