Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Од:

Оваа унгарска влада никогаш нема да се согласи на санкции кои би ги погодиле демократски избраните функционери на Република Српска, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

По средбата со српскиот член и претседавач со Претседателството на БиХ, Жељко Цвијановиќ, во Будимпешта, Сијарто рече дека Унгарија смета дека ова е случај на прогон од политичка природа.

– Она што се прави против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е опасно бидејќи може да ја поткопа безбедноста во таа област. Никогаш нема да гласаме за тоа и овие санкции никогаш нема да стапат на сила на ниво на ЕУ, бидејќи таму е потребна едногласна одлука. Стабилноста на регионот и БиХ е клучна за нас, рече Сијарто, пренесе РТРС.

Би можело да ве интересира

Сијарто објави: МОЛ ја купува српска нафтена компанија пради поголема безбедност

Претседателот на Република Српска е хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар

Горан Наумовски

„Вашингтон тајмс“: Република Српска заслужува да биде независна

СНСД прогласи победа: Синиша Каран е новиот претседател на Република Српска

Горан Наумовски

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

ВИДЕО: За Босна неуставен, Република Српска го славеше Денот на Републиката под американско покровителство

Предраг Петровиќ