Сијарто: Ударите на руска територија повлекуваат ризик од сериозна ескалација на конфликтот

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта се противи на удари со оружје со долг дострел на руска територија, бидејќи, како што наведе, тоа повлекува ризик од сериозна ескалација на конфликтот.

„Ако има се повеќе и повеќе оружје во Украина, ако има далекусежни удари на руска територија, ќе има поголема опасност од ескалација, а опасноста од војна ќе стане посериозна и оваа војна само ќе стане потешка. Не го сакаме ова“, напиша Сијарто на Фејсбук пред денешната средба на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел.

Ова лудило мора да заврши, а исто така и војната во Украина, заклучи шефот на унгарската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

Сијарто: Брисел наскоро би можел да се најде изолиран на светската политичка сцена