Сијарто: Соработката со Кина ќе биде цврста основа за економскиот раст на Унгарија

Од:

Економската, трговската и инвестициската соработка со Кина ќе обезбеди цврста основа за економскиот раст на Унгарија во наредните години, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто за време на неговата посета на Пекинг.

Тој изјави дека кинеските компании кои се во првите редови на револуцијата во автомобилската индустрија ќе продолжат да инвестираат во Унгарија, пренесува агенцијата МТИ.

Според него, кинеските лидери го поддржуваат натамошниот раст на соработката за официјална Будимпешта, меѓу другото, натамошното зголемување на бројот на кинески туристи кои ја посетуваат Унгарија и уште повеќе унгарски прехранбени производи на кинескиот пазар.

Вредноста на сегашните кинески инвестиции во Унгарија изнесува 16 милијарди евра и директно отвора 25.000 нови работни места во таа средноевропска земја, додаде Сијарто.

Министерот истакна дека овие кинески инвестиции „ја претвораат Унгарија во еден од светските центри на глобалната автомобилска револуција и технолошка обнова“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Неприфатливо е ЕУ да финансира проекти кои досега беа финансирани од УСАИД

Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Унгарија: Украина не може да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Сијарто му се заблагодарува на Трамп што ги замрзна средствата на УСАИД

Сијарто: Брисел наскоро би можел да се најде изолиран на светската политичка сцена