Сијарто: Санкциите на Бајден против „Пакс II“ беа политичка одмазда

Од:

Унгарија му е благодарна на американскиот претседател Доналд Трамп за укинувањето на санкциите воведени од претходната администрација на Џо Бајден против проектот за изградба на нуклеарната централа „Пакс II“I. Ова го изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за дописник на ТАСС, опишувајќи го потегот на администрацијата на Бајден како „политичка одмазда“.

„Многу сме благодарни на администрацијата на Трамп за отстранувањето на проектот од списокот на санкции, кој беше додаден од администрацијата на Бајден како форма на политичка одмазда“, рече Сијарто.

Санкциите воведени од САД во ноември 2024 година влијаеја на Газпром банка, која посредуваше во плаќањата меѓу Унгарија и Русија за снабдување со енергија и за изградбата на „Пакс II“. Во јануари оваа година, Вашингтон ги прошири рестриктивните мерки на рускиот нафтен и гасен сектор, како и на раководителите на државната корпорација Росатом.

Иако беше пронајдено алтернативно решение за плаќањата поврзани со нафтата и гасот, прашањето за финансирање на изградбата на нуклеарната централа остана нерешено. Затоа Унгарија побара од администрацијата во Вашингтон да ги укине санкциите за да се обезбеди продолжување на проектот.

Нуклеарната централа Пакш, која се наоѓа околу сто километри јужно од Будимпешта на брегот на Дунав, работи од 1980-тите и обезбедува половина од вкупното производство на електрична енергија во Унгарија. Како дел од проектот „Пакс II“, во тек е изградбата на петтата и шестата единица со реактори VVER-1200, кои треба да бидат пуштени во употреба на почетокот на 2030-тите.

Изградбата ја води Росатом, а вредноста на целиот проект се проценува на 12,5 милијарди евра. Првичниот договор предвидуваше 80 проценти од средствата да бидат обезбедени од руски заем. Со зголемување на капацитетот од сегашните 2.000 на 4.400 мегавати, Пакш ќе стане еден од најважните енергетски столбови на Унгарија.

Би можело да ве интересира

Политико: Орбан е во ќош, мора да се сврти кон земјата што долго ја избегнуваше

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата e несреќен случај или напад

Сијарто е дециден: Трамп е единствената надеж за мир

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

САД не се откажуваат од самит со Русија: Сијарто потврди дека разговорите се во тек

Орбан: Нема да умреме за Украина, ниту ќе ги слушаме наредбите од Брисел