Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател, во спортивно се закани со уставни измени

Од:

Лидерот на победничката партија „Тиса“, Петер Маѓар, побара од унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка по формирањето на новата влада, повикувајќи се на „волјата на народот“.

Во изјава пред средбата во претседателската резиденција, Маѓар остро го критикуваше шефот на државата, оценувајќи дека тој не е способен да ја извршува функцијата.

„Претседателот Шуљок не може да го претставува единството на нацијата, ниту да биде гарант на владеењето на правото и морален авторитет“, изјави Маѓар, додавајќи дека истата порака лично ќе му ја пренесе.

Шуљок беше избран за претседател од парламентот во февруари 2024 година.

Маѓар најави дека, доколку претседателот не поднесе оставка, неговата партија ќе иницира уставни измени.

Од кабинетот на претседателот соопштија дека Шуљок ќе ги разгледа изнесените аргументи.

По средбата, Маѓар потврди дека претседателот ќе му го довери мандатот за состав на новата влада.

Се очекува конститутивната седница на парламентот да се одржи на почетокот на мај, додека изборот и инаугурацијата на новата влада се планирани во текот на истиот месец.

Би можело да ве интересира

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот