Сијарто: Мигрантите нема да минуваат низ Унгарија

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто порача дека оваа година преку унгарска територија нема да минуваат мигранти кон Австрија или Германија.

Тој во интервју за виенскиот весник „Курир“ изјави дека Унгарија сака да го спречи секој нелегален премин на границата, иако оваа година притисокот ќе биде многу поголем, бидејќи причините за бегство од Сирија се влошуваат.

– Ние ја затворивме зелената граница, но не и официјалните премини. Ако луѓето кажат дека е лошо да се затвори Зелената граница тогаш можам само да порачам дека е лошо и да се грижиме за нашата безбедност, но тоа е наша обврска. Шенгенските правила јасно кажуваат кои задачи членките мора да ги исполнат, а една од нив е дека луѓето можат да пристигнуваат преку официјалните премини, објасни Сијарто.

Шефот на унгарската дипломатија истакна дека Унгарија ги почитува одлуките на германската канцеларка Ангела Меркел и на останатите членки на ЕУ, но истовремено очекува и да се почитува одлуката на Будимпешта.

– Сметаме дека оваа масовна миграција е штетна за Европа. Таа ја зголемува опасноста од терориза, во Европа. Зошто мора да преземаме дел од товарот, кога не сме виновни, нагласи Сијарто, додавајќи дека Унгарија ја фрустрираат европските барања според кои е потребно да се заштитат надворешните граници на ЕУ, а ништо не се случува.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија