Сијарто ја критикуваше Финска поради проширувањето на ЕУ

Од:

Унгарскиот министер за внатрешни работи Петер Сијарто ја критикуваше Финска, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, дека не успеа да изврши притисок за проширувањето на ЕУ за време на нејзиниот мандат.

Тој по средба со колеги од Чешка, Полска и Словачка на состанокот на земјите од Вишеградската група, изјави дека еден од „значајните пропусти“ на Европската Комисија во заминување што во октомври не одобрила почеток на пристапни преговори со Република Северна Македонија и Албанија.

– Финска како претседавач со ЕУ, направи огромен пропуст во тој поглед, рече Сијарто и изрази надеж дека новата Европската комисија ќе изврши притисок за проширувањето.

Земјите од Вишеградската група го поддржуваат проширувањето на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија