Сијарто: ЕУ треба да воспостави „силна одбранбена линија на југ“

Од:

Заканите од терористите ќе се зголемат, а јавната безбедност ќе се влоши доколку Европската унија не воспостави „силна одбранбена линија на југ“ за да го запре прилив на мигранти, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Тој наведе дека доколку линијата на одбрана не може да се воспостави на грчката јужна страна, тогаш ќе мора на севернарта граница на Грција со Македонија или Бугарија.

Сијарто оцени дека Европа во моментот е беспомошна поради неконтролираниот прилив на мигранти.

– Согласни сме со сите кои велат дека надворешните граници мора да бидат утврдени, изјави Сијарто.

Унгарија минатата година подигна ограда на границата со Србија и со Хрватска со цел спречување на влегување бегалци и мигранти во таа држава.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он