Аеродромот во Катанија, вториот по големина град на Сицилија, во моментов е затворен поради еруптивна активност на вулканот Етна, соопшти утрово компанијата која управува со аеродромот.
Како што е наведено, „секторите на воздушниот простор C1 и B3“ ќе останат затворени денеска до 13 часот, а откажани се сите пристигнувања и полетувања, пренесува Ansa.