Претседателот на Кина, Си Џинпинг за севернокорејскиот весник „Родонг шинмун“ изјави дека Северна Кореја се движи во „вистинска насока“ во решавањето на политичките прашања на Корејскиот Полуостров.
Си во интервјуто за „Родонг шинмун“ не ги спомнува преговорите за нуклеарното оружје Вашингтон и Пјонгјанг. Но, експертите наведуваат дека Си на средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, ќе ги поддржи напорите на Северна Кореја која се повикува на постепено разоружување.
Си наведе дека неговата посета на Пјонгјанг ќе ја зајакне стратешката комуникација и размената помеѓу двете пријателски земји.
– Кина ќе придонесе за мирот, стабилноста, развојот и просперитетот на регионот со интензивирање на комуникациите со Северна Кореја. Кина, исто така ќе соработува со другите заинтересирани страни, така што заеднички ќе го забрза напредокот во дијалогот и преговорите за прашањата на Корејскиот Полуостров, посочи Си.
Си утре ја почнува дводневната посета на Северна Кореја. Тоа е прва посета на кинески претседател на Пјонгјанг во последните 14 години.