Си: Најмрачна и насложена година за Хонгконг

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Хонгконг оваа година се соочи со најмрачниот и најсложениот период, откако поранешната британска колонија и е вратена на Кина.

Тој ја поздрави лидерката на Хонгконг, Кери Лам што се придржува кон принципот „една земја, два система“ и за храброста во текот на „вонредниот период“ за Хонгконг.

Претходно, Лам оствари средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Хонгконг и е вратен на Кина во 1997 година по принципот „една земја, два система“, кој овозможува поголеми демократски права од оние кои постојат во Кина.

Од јуни во Хонгконг се одржуваат протести кои почнаа поради законот за екстрадиција, а демонстрантите ги проширија барањата и на демократски реформи.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он