Си: Кина ќе го поддржи Интерпол

Од:

Кина силно ги поддржува Интерпол и меѓународната борба против тероризмот, изјави денеска на отворањето на Генералното собрание на Интерпол во Пекинг кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој го потенцира придонесот на Кина во глобалното спроведување на законот и полицијата, додавајќи оти се повеќе луѓе сега ја гледаат Кина како една од најбезбедните земји во светот.

– Во соработката во областа на спроведување на законите меѓу државите, законите на секоја од нив мора да бидат почитувани како и еднаквоста во рамките на меѓународниот закон, посочи Си.

Интерпол минатата година за свој претседател го избра кинескиот заменик министер за јавна безбедност Менг Хангвеј.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он