Си-ен-ен: Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија

Од:

По катастрофалниот ураган Марија во Порторико, американскиот претседател, Доналд Трамп, ја разгледа идејата за продажба на овој остров во 2017 година, изјави за „Њујорк тајмс“ Елејн Дјук, поранешен заменик-началник за национална безбедност, јави Си-ен-ен.

– Неговите идеи се посоодветни за бизнисмен отколку за претседател, рече Дјук.

Таа додаде дека продажбата на Порторико никогаш не била сериозно разгледувана откако Трамп тоа го предложи.

Речиси три илјади луѓе го загубија животот како резултат на невремето.

Трамп претходно ја обвини локалната власт на Порторико за ненаменско трошење пари обезбедени од неговата администрација, а во ноември 2018 година Белата куќа го извести Конгресот дека претседателот не сака да испрати дополнителни средства за санација на штетата.

По невремето, Трамп негираше какви било грешки направени од неговата администрација и ја пофали за реагирањето по ураганот Марија, оценувајќи дека тоа е „неверојатен и неоспорен успех“.

Би можело да ве интересира

ТикТок објави дека од утре престанува да работи во САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Инагурацијата на Трамп преместена на затворено, оди и Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски