Шведското Обвинителство ќе изврши распит на Асанж во јуни или јули

Од:

Шведското Обвинителство има намера да изврши распит со основачот на Викиликс Џулијан Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон, во јуни или јули, беше соопштено денеска во Стокхолм.

Обвинителството им упатило на британските власти барање за правна помош, а од Еквадор е побарана дозвола во текот на тие два месеца да биде извршен распит на Асанж.

Обвинителите се откажаа во март од барањето тој да биде сослушан во Шведска и наведоа дека тоа сакаат да го направат во Лондон. Адвокатот на Асанж, Пер Самуелсон го поздрави тој потег.

– Тоа е она што го сакавме четири години, изјави тој. Асанж во средината на април се согласи да биде сослушан во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро