Шведскиот карикатурист кој го нацрта Мухамед ќе оди на антимуслиманска средба во Њујорк

Од:

Шведскиот карикатурист Ларс Вилкс ќе зборува на конференција што на 11 септември годинава во Њујорк ќе ја организира антмуслиманската организација „Запрете ја изламизацијата на нациите“ (Stop Islamization of Nations, СИОН).

Ларс Вилкс, кој досега повеќепати беше изложен на исламистички закани, а Ал Каеда пред извесно време распиша награда од 100.000 долари за негово убиство, вели дека не ги дели погледите и сфаќањата на споменатата организација, но и дека би сакал да добие поблизок увид во нивните размислувања.

Претставници на СИОН, според податоци во шведски медиуми, неодамна престојувале во Стокхолм за да ја одржат својата “прва глобална средба против џихадот и радикалниот исламизам“.

Карикатурите на пророкот Мухамед прикажан со тело на куче првпат беа објавени во шведскиот дневен весник „Нерикес алеханда“ есента 2007 година, а што беше проследено со простести и закани против авторот Вилкс и против главниот и одговорен уредник на весникот.

Карикатутрите подоцна беа објавени уште во неколку шведски водечки весници како „заземање став во интерес на заштитата на слободата на говорот и изразувањето, бидејќи и тоа што контроверзно или изложено на критики треба да биде објавено“.

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро