Шведската социјална политика е реткост во светот

Од:

Шведска и нејзиниот премиер Фредрик Рајнфелд добија пофалби од меѓународниот синдикат како една од малкуте земји во светот со социјално насочена политика, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Шаран Буров, генерален секретар на Меѓународната синдикална конфедерација, ИТУК, е редовен учесник на економскиот форум во Давос. Позната е по своите мошне остри критики против влади и компании, меѓу другото, поради недостиг од волја да се интензивира борбата против невработеноста. Но, годинава во Давос имаше и поинакви тонови, пишува „Свенска дагбладет“.

Во рамките на дебатата во Давос, во чии рамки можеше да учествува и јавноста, Шаран Буров приреди изнедување.

– Моментно има само неколку земји во светот каде што владите водат социјален дијалог со синдикалните и други организации. Тоа се однесува на Шведска, а во истата група се вборјува и Бразил, мојата татковина Австралија и другите нордиски земји, рече Буров.

Таа исто така нагласи дека Шведска има социјална заштита која недостасува во мнозинството земји во светот. Шведскиот премиер Рајнфелд, кој исто така учествуваше во дебатата, по настапот на Буров доби благодарна задача да образложи како функционира шведската владина политика и да укаже дека тој тежнее кон т.н. работен пакт со работодавачите и синдикатите.

Во своето излагање Рајнфелд посебно се осврна на разните начини за кои се залага шведската Влада, меѓу другото преку образование, да се интензивираат напорите за отворање повеќе работни места за младите.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица